Quantcast
Channel: Организацијa на работодавачи на Македонија
Viewing all articles
Browse latest Browse all 10

10-годишнина од основањето на Организацијата на работодавачи на Македонија

0
0
Поддршка на работодавачите за динамичен раст на бизнисот, нови работни места и социјален развој Скопје, 10.12.2015 – Водечката организација која ги застапува интересите на работодавачите и се грижи за нивните права и слободи во економската и социјалната сфера во земјата, одбележа една деценија од нејзиното основање. На конференцијата организирана по повод 10-годишниот јубилеј на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), во присуство на голем број членки, како и претставници на други организации, институции и гости, беше реафирмирана определбата на ОРМ да биде активен чинител во креирањето на економско-социјалната политика во Македонија, преку нејзиното учество и давањето реален придонес во работата на Националниот економско-социјален совет, но и преку самностојно дејствување за теми кои се во интерес на работодавачите и бизнисот во целина. „Како најголема и единствена репрезентативна организација на работодавачите во земјата, Организацијата на работодавачи на Македонија, како и во изминатите 10 години, така и во иднина, ќе продолжи посветено и енергично да ги промовира и застапува интересите на своите членки во општеството, особено преку социјалниот дијалог со Владата и синдикатите“, истакна претседателот на ОРМ - Ангел Димитров, нагласувајќи дека „Организацијата останува отворена за соработка со институциите, синдикатите, академската заедница и граѓанското општество во изнаоѓање ефикасни решенија и креирање развојни политики кои ќе овозможат раст на бизнисот и домашната економија, нови работни места и перспектива за младите, како и социјална сигурност за сите граѓани“. Во рамки на одбележувањето на 10-годишнината на ОРМ беа доделени и дваесетина благодарници за особен придонес и исклучителни залагања во работата и успехот на организацијата, а беше организирана и дебата на тема „Учество на државата во економскиот систем на Република Македонија“, на која учество земаа претставници од Владата, од бизнис секторот и партнерските организации, како и од науката. Во Организацијата на работодавачи на Македонија членуваат над 1000 компании од 15 сектори со повеќе од 70 000 вработени. ОРМ е единствената репрезентативна организација на работодавачи од приватниот сектор која, заедно со Владата и синдикатите, го сочинува Економско-социјалниот совет, како трипартитно тело за социјално договарање и креирање политики. Истовремено, ОРМ е единствена репрезентативна организација на работодавачи која има легитимитет да преговара и да склучува Општ колективен договор за приватниот сектор. Мисијата на ОРМ се остварува преку креирање и предлагање мерки, политики и активности во интерс на работодавачите во областите на образованието, инфраструктурата, општествената одговорност, безбедноста и здравјето при работа, трудовата и социјална легислатива, оданочувањето, инверстициите, кредитирањето и казнената политика. Настанот со кој се одбележа 10-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија беше поддржан од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“ кој е финансиран од Европската унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. Токму директорот на МОТ за Централна и Источна Европа - Антонио Грациози, беше еден од оние кои упатија честитки за јубилејот, со желби за натамошна успешна работа на ОРМ. Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) денеска одбележа 10 години од основањето и за таа цел организираше дебата „Учество на државата во економскиот систем на Република Македонија“.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 10

Latest Images

Trending Articles





Latest Images